ПЕТЉАКОВА, Мара

ПЕТЉАКОВА, Мара (с. Корнишор, Ениџевардарско, Егејскиот дел на Македонија, 1912 – Дупничко, 18. Ⅱ 1944) – интернационален комунистички активист, херој на НР Бугарија. Како емигрантка во Москва (1934–1936) ја завршила Лениновата политичка школа. Се вратила во Бугарија и станала член на Окружниот комитет на БКП за Софија. Неколку пати била интернирана во логорите Свети Кирик и Гонда Вода (1941–1943). Избегала од логорот и заминала во партизани. Загинала во вооружена борба со бугарската војска и полиција како борец на Дупничкиот партизански одред. ЛИТ.: Герои на антифашистката борба, кн. И (1923–1944), София, 1966; Победа 1941–1944, „Годишник на музея на револÓционното движение в БÍлгария“, София, 1969; „Македонско знаме“, София, 25. Ⅹ 1946. В. Јот.