ПЕТКОВСКИ, Тито

ПЕТКОВСКИ, Тито (с. Псача, Кривопаланечко, 23. И 1945) – правник и политичар. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје, по што работел во Општинскиот суд и во Републичкиот завод за урбанизам во Скопје. Бил политички деец во Општината Карпош во Скопје (претседател на Општинската конференција на младинската организација, член на ОК на СКМ и претседател на Општествено-политичкиот собор), делегат во Општествено-политичкиот собор на Собранието на град Скопје, секретар на Градскиот секретаријат за развој на политичкиот систем, за прописи и за организација на управата, потпретседател на Извршниот совет на Скопје, член на Претседателството и извршен секретар на ГК на СКМ, член на Комисијата на ЦК на СКМ за развој и за кадровска политика и секретар на ЦК на СКМ. Подоцна бил потпретседател на СДСМ, пратеник и потпретседател на Собранието на РМ во првиот повеќепартиски парламент (1990) и пратеник и претседател на Собранието на РМ (6. Ⅲ 1996 – ноември 1998). Бил кандидат на СДСМ за претседател на РМ (1999). Тој е основач и претседател на НСДП и актуелен пратеник. С. Мл.