ПЕТАР ДЕЛЈАН

ПЕТАР ДЕЛЈАН – водач на македонско востание. По финансиската реформа на Јован Орфанотроф, брат на императорот Михаил Ⅳ, избувнува востание во Македонија (1040/41). За водач е избран Петар Делјан и прогласен за цар, како син на македонскиот цар Гаврил Радомир и унгарската маат Ниш и Скопје, а кон нив се приклучуваат и востаниците од Драчката област на чело со Тихомир. По убиството на Тихомир, Делјан застанува на чело на обединетите војски. Востанието се проширува на Драч, Епир и Елада. Во тоа време Делјан го прима Алусијана, како внук на Арон, и му доверува 40.000 војници за да го заземе гр. Солун. Неуспехот доведува до измена на текот на востанието и настанува раздор во востаничките редови. Алусијан успева да го врзе и да го ослепи Петар Делјан, а потоа да им го предаде на Византијците и да ја добие титулата магистер. ИЗВ.: ГрÍцки извори за бÍлгарската история, Ⅵ, София, 1965; Византиски извори за историју народа Југославије, Ⅲ, Београд, 1966. ЛИТ.:Г. Г. Литаврин, Налоговая политика Византии в Болгарии в 1018-1185 гг., „ВизантиŸскиŸ Временник“, Џ, 1956; Божидар Ферјанчиђ, Византија и Јужни Словени, Београд, 1966; Стјепан Антолјак, Петар Делјан или Долјан или Оделјан?, во: Средновековна Македонија, И, Скопје, 1983; Бранко Панов, Востанијата на македонскиот народ во Ⅺ век, Средновековна Македонија, Ⅲ, Скопје, 1983; Милан Бошковски, Македонија во Ⅺ и ⅩⅠⅠ век (надворешни упади на територијата на Македонија), Скопје, 1997; Историја на македонскиот народ, И, Скопје, 2000; Ванче Стојчев, Воена историја на Македонија, Скопје, 2000. Б. Р.-Ј. Петар, митрополит на Преспанскопелагониската епархија на МПЦ