ПЕЛА

ПЕЛА (Пелла) (ден. с. Постол) – град во Ботиаја, сместен покрај езерото на реката Лудија (Могленица), втора престолнина на Македонското Кралство, родното место на Филип Ⅱ и Александар Ⅲ Македонски, но и родно место на македонскиот славист Крсте П. Мисирков. Првпат се спомнува кај Херодот во врска со походот на персискиот крал Ксеркс (почетокот на Ⅴ в. пр.н.е.). Престолнина на Македена е по Хиподамов план, со голема и пространа агора. Од град-бите посебно се издвојуваат куќата со мозаици на кои е претставен Дионис на пантер и лов на лавови, како и куќата со мозаици на кои е претставено грабнувањето на Хелена, лов на кошута и амазономахија. На акрополата се наоѓала кралската палата, за која, врз основа на арихитектонскиот стил, се предложени датирања од времето на Филип Ⅱ до владеењето на Касандар. Од другите археолошки наоди значајни се мермерните стели, натписи и хеленистичка керамика. ИЗВ.: Херодоти, Хисториа, Оџонии, 1927; Тити Ли-ви, Аб урбе цондита либри, Липсиае, 1906. ЛИТ.: Пх. Петсас, Пелла, Алеџандер тхе Греат’с Цапитал, Тхессалоники, 1978. К. М.-Р.