ПЕЛАГОНИЈА

ПЕЛАГОНИЈА – антички град, престолнина на Кралството на Пелагонците, подоцна седиште Останко од некогашната македонска престолнина Пела донското Кралство станува во времето на кралот Архелај (413–399 пр.н.е.) и останува сè до битката кај Пидна (168 пр.н.е.) и паѓањето на Македонија под рим-ска власт, кога била разурната и целосно ограбена, а нејзиното богатство однесено во Рим. При поделбата на Македонија на четири мериди, станала центар на Третата македонска мерида, а во 30 г. пр.н.е. е претворена во римска колонија (Цолониа Иулиа Аугуста Пелла) која уживала италско право и ковела свои монети. Била значаен пункт на патот Виа Егнатиа. Грана Ⅳ мерида (Македонија Четврта) под Рим. На еден натпис од Ⅳ в. пр.н.е. (откриен во Атина) се спомнува кралот на Пелагонците. По поразот на македонскиот крал Персеј кај Пидна (22. Ⅵ 168 г. пр.н.е.), проконзулот Емилиј Паул во Амфипол ја прокламирал поделбата на Македонија на 4 мериди. Македонија Четврта била најзападната горна планинска об-ласт, со териториите на Еордаја, Елимеја, Тимфаја, Орестида, Линкестида, Пелагонија, Деуриоп, Пајонија западно од Вардар и Атинтанија. Голем број научници дискутирале за убикацијата на престолнината Пелагонија. Конечно, просторот е стеснет околу Селечка Планина, заедно со предложените кандидати: Долиште кај Прилепец, Еленик кај Мојно и Висока над Крушевица. ЛИТ.: И. Микулчиќ, Антички градови во Македонија, Скопје, 1999, 80-89; В. Лилцик, Ан аттемпт ат рецоннаиссанце оф тхе тоњн оф Пелагониа, Хомаге то Милутин Гарасханин, Белграде, 2006, 593-605. В. Л. Поглед од Селечка Планина кон Пелагонија и градот Прилеп