ПЕЛАГОНИСКА БИТКА

ПЕЛАГОНИСКА БИТКА (1211) – помеѓу Стрез и Латините од Солунското Кралство во пелагониската рамнина. Во битката дошла до израз предноста на латинските оклопници во отворена битка во рамнината. Бароните од Солунското Кралство, помогнати од Епирците, катастрофално ја поразиле и ја уништиле војската на Стрез и 52 одреди бугарски војници што ги испратил како помош царот Борил. ЛИТ.: Г. Принзинг, Дер Бриеф Каисер Хеинрицхс вон Константинопел вом 13. Јануар 1212, Бѕзантион 43, 1973. К. Аџ.