ПЕДАГОШКО-БОГОСЛОВСКО УЧИЛИШТЕ

ПЕДАГОШКО-БОГОСЛОВСКО УЧИЛИШТЕ – прво стручно училиште за подготвување учители и свештеници во Македонија. Го основал познатиот македонски педагог Јосиф Ковачев во Штип (1869). Училиштето се состоело од два класа, со предметен систем на настава, каде, освен општообразовни, се учеле и педагошки и богословски предмети, од што му произлегува и името. Посебно внимание се обрнувало на практичната обука на идните учители. школувањето траело две години. Вакво училиште било отворено и во Прилеп (1974/75), исто така од Јосиф Ковачев. (в. Верски школи во Македонија). ЛИТ.: Р. Кантарџиев, Македонското преродбенско училиште, Скопје, 1985. К. Камб.