ПАМУК

ПАМУК (Госсипиум сп. Л.) – зазема прво место во светот од влакнодавните култури. Влакно образува на семето. Од 100 кг суров памук се добиваат околу 32 кг влакно, еден кг линтер (кусо влакно) и 67 кг семе. Кусото влакно се користи за: медицинска вата, филтри, филмски ленти, полнење душеци, експлозивни средства. Од семето се добива масло (17-19%) за технички цели (сапун, глицерин), но ако се рафинира може да се користи и за јадење. Во РМ просечно се добиваат 824 кг/ха суров памук, што е 276 кг чисто влакно, но со полна агротехника и 1.500 кг/ха суров памук, односно 500 кг/ха чисто влакно. Во тропските краишта е многугодишно, а во умерениот појас едногодишно растение. П. Ив.