ПАЗАРИ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ

ПАЗАРИ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ – места во градски населби на кои се нуди и се продаваат земјоделски производи. Сите градови во РМ имаат свои зелени пазари. Пазари на големо (кванташки) има во Скопје и во Струмица. Поважни добиточни пазари има во: Куманово (среда), Битола (сабота), Скопје (вторник), Струмица (сабота), Кривогаштани (среда), Струга (сабота), Облешево (вторник). Помали добиточни пазари со локално значење има и во други населени места. Др. Ѓош.