ПАВЛОВ, Љупчо

ПАВЛОВ, Љупчо (Неврокоп, 1922 – с. Полици кај Тузла, Босна, 1942) – партизан во Колубарскиот народноослободителен партизански одред и на Втората пролетерска ударна бригада. Син на политички емигранти во Горњи Милановац, Србија. Бил член на СКОЈ, партизан (1942) во Западна Србија и во Босна, политкомесар на чета и член на штабот на Втората пролетерска ударна бригада и делегат на Првиот младински конгрес на СКОЈ во Дрвар. Загинал како заменик политички комесар на бригада. ЛИТ. : БезсмÍртните 1922/1944, зб.: Загинали в борба против капитализма и фашизма от Благоевградски окрÍг, София, 1971. В. Јот.