ПАВИЧЕВИЌ, Зоран

ПАВИЧЕВИЌ, Зоран (Сјеница, Србија, 17. Ⅵ 1936) – падобранец. Завршил гимназија во Кралево (1956). Бил падобранец во Аероклубот во Кралево. На првенството на Југославија освоил: прво (1963), трето (1964) и второ место (1969). Учествувал на две светски првенства (1964 и 1968). Студирал на Правно-економскиот факултет во Скопје (1955–1962) и бил член на Аероклубот во Скопје. Поставил светски рекорд во скок од 1500 м без задршка (1957). Тој е избран за најдобар спортист на Македонија (1957). Д. С. Румена Ѓорѓиева Павлева