ОХРИДСКО ЕЗЕРО

ОХРИДСКО ЕЗЕРО – тектонско езеро во крајниот југозападен дел на РМ. Се наоѓа на границата меѓу границата на Македонија и Албанија, меѓу планините Петри-но, Галичица и Сува Гора на исток, Беличка и Мокра Планина на запад. Настанато е по тектонски пат, со спуштање на котлинското дно долж раседни структури, чии правци на протегање се север-југ. Најголемата должина во правецот север-југ е 30,35 км, најголемата широчина е 14,5 км, со вкупна должина на езерскиот брег од 86,2 км, од кои на Македонија $ припаѓаат 50,4 км, а на Албанија 35,7 км. Езерото се наоѓа на а.н.в. од 693,17 м, а зафаќа по2 вршина од 348,8 км , од кои 229,9 2 км или 65,9% $ припаѓаат на Ма2 кедонија, а 118,9 км или 34,1 % на Албанија. Најголемата длабочина на езерото изнесува 287,5 м, а просечната 144,8 м. Во ова езеро вкупно се акумулирани 50,5 3кмвода. Со вода се полни од карстните извори што се наоѓаат долж источниот брег (изворот Свети Наум, изворот Тушемиште, Билјанините извори и др.), сублакустриските извори (вирчиња), од врнежите што се излачуваат директно над езерската површина, од водата што се кондезираа директно над езерската површина, и од површинските притоки: Черава, Коселска Река, Далјан и Сате-ска Река. Охридското Езеро губи вода од својот базен со испарувањето, а најголем дел преку истека3та Црни Дрим (22 м /с). Највисок водостој на езерското ниво се јавува во јуни (42 цм), а најнизок во октомври (8 цм), додека средногодишното колебање на езерското ниво изнесува 33 цм. Амплитудата помеѓу апсолутно максималната (142 цм) и апсолутно минималната вредност (0 цм) на водостојот изнесува 142 цм, а по регулацијата на истекот кај Струга таа е 93 цм. Средногодишната температура на површинскиот слој на водата е 13,6°Ц. Таа е највисока во август (22,3°Ц), најниска во февруари (6,6°Ц), додека температурата на водата во најдлабоките делови од езерото изнесува 6,0°Ц. Водата е со сино-зеленикава нијанса, со проѕирност во јули месец од 21,5 м. Познато е по ендемскиот вид на пастрмката и по многубројните други некогашни ендемски видови живи организми кои се изумрени во другите езера, поради што е ставено под заштита на УНЕСКО. ЛИТ.: Охридско Езеро и неговата заштита, Зборник на трудови, ДЕМ, Скопје, 1992. Др. В.