ОХРИДСКИ КНИЖЕВЕН ЦЕНТАР

ОХРИДСКИ КНИЖЕВЕН ЦЕНТАР – жариште на слов. просвета. Кога просветителското дело на словенските апостоли во Моравија по смртта на св. Методиј (885) било забрането, се покажало дека најдобри услови за развој на словенската писменост има на Балканот, каде што таа и се зародила. Од извонредно значење за нејзиното спасување и продолжување имаат двајца од најспособните Кирило-Методиеви ученици, кои во Охридскиот крај ги поставиле основите на Охридскиот книжевен центар, познат и како сесловенско книжевно жариште. По долги и тешки измачувања, тројца од учениците на Браќата, Климент, Наум и Ангелариј, прогнати од Моравија, успеале да стигнат до Белград, од каде што бугарскиот боритикан ги испраЧелничко евангелие, ракопис на грчки јазик со врвни естетски квалитети, Охрид (Ⅺ – ⅩⅠⅠ в.) тил кај кнезот Борис во Плиска. Ангелариј, исцрпен од претрпените страдања и долгиот пат, наскоро починал, а првите двајца, познати како најдаровити и најдоближени до првоучителите, не биле долго задржани во престолнината. Климент по неколку месеци се нашол како учител во Де-вол, југозападно од Охридското Езеро, а по 7 години откако овој бил ракоположен за прв словен-ски епископ, на негово место за учител пристигнал Наум. Фактот што овие двајца слов. просветители набргу по пристигнувањето во Плиска биле пуштени да заминат во најоддалечени краишта на државата, покажува дека меѓу кнезот и нив се појавил некој сериозен спор, а тоа е т.н. „азбучно прашање“. Борис И бил кнез на самостојна држава, под чија власт се наоѓало најбројно слов. население и решил да го прифати слов. јазик за официјален. Со протобугарските првенци, што не се согласувале со таа промена, постапил жестоко. Но имало уште една пречка. По црковниот собор во Цариград (870) црквата во Бугарија била раководена од византиско свештенство. Тоа допуштило да се прифати книжевното наследство на словенски од свв. Кирил и Методиј, но никако не можело да се помири со ново, според нив „варварско“ писмо, глаголицата, и барало книгите да бидат транскрибирани со грчко писмо. Дворот во Бугарија отстапил пред таквиот притисок. Особено синот на Бориса, Симеон, којшто го наследил кнежевството, а бил византиски воспитаник, повеќе бил приврзан кон грчкото писмо, отколку кон словенската глаголица. Веројатно на Климент му било предложено да ја приспособи слов. азбука врз база на грчкото писмо, но тој не можел такво нешто да прифати и затоа бил отстранет. Подоцна истото се случило и со св. Наум, кој извесно време ја раководел книжевната школа во Источна Бугарија. Симеон нашол друго лице, Константин Преславски, за адаптирање на грчкото унцијално писмо со 24 букви и 12, одн.14 букви од глаголицата за специфичните словенски гласови, што претставува основа и на кирилицата, која по 893 г. започнала да се употребува во Источна Бугарија. Во Охридскиот книжевен центар продолжила употребата на глаголицата два века и по смртта на свв. Наум и Климент. Во Ⅸ в. дијалектните црти на ст.слов. биле минимални. Меѓутоа, извесни разлики имало во јазикот меѓу Охридскиот и Преславскиот книжевен центар. Во почетокот, според францускиот славист А. Вајан, тие биле минимални, но со време станувале с“ поосетни. Јазикот на Охридскиот книжевен центар се одликува со голема приврзаност кон кирилометодиевската традиција, а на Преславскиот центар – со повеќе иновации (елиминирање на архаизмите и моравизмите). „Лит. збор“, 1, 1956, 1&19; И. Добрев, Кирило-Методиевите ученици през первите години след пристигането им в БÍлгария (886-893), „Изследвания по Кирилометодиевистика“, София, 1985, 129–160; П. Хр. Илиевски, Две слова на Климент Охридски и едно на Јоан Егзарх во еден ракописен зборник од ⅩⅤ в.“, „М.Ј.“, 7 (1956), стр. 73&99; – Свв. Климент и Наум Охридски. Просветителство со удвоени сили“, Светите Климент и Наум Охридски, МАНУ, 1995, 17&29; – Појава и развој на писмото со посебен осврт кон почетоците на слов. писменост,Ⅱ изд. 2006, 243–284. П. Хр. Ил.