ОСУМНАЕСЕТТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА

ОСУМНАЕСЕТТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА (с. Алгуња, Кумановско, 4. Џ, – декември 1944) – воена единица на НОВ и ПОМ. Била формирана од Младинскиот и Дополнителниот баталјон, кои дејствувале на тој простор, и новопристигнати борци од Кумановско, Прешевско и Бујановачко, во состав на Кумановската дивизија на НОВЈ. Во истиот месец нараснала на околу 1.200 борци. Учествувала во затворањето на просторот Куманово–Бујановац, водејќи борби со делови на германската 11 дивизија и балистите, на комуникацијата Куманово–Прешево (8–10. Џ), на комуникацијата Куманово–Бујановац (18. Ⅹ 1944), кај селата Билјача (21. Џ), Сушево (24. Џ) и др. Заедно со Седумнаесеттата македонска НО бригада и делови од Првата армија на Народната армија на Бугарија, учествувала во ослободувањето на Куманово (11. Ⅺ), а потоа продолжила со разбивањето на балистите на Скопска Црна Гора, Урошевац и Гњилане (до декември 1944), по што била расформирана, а боречкиот состав влегол во составот на Третата македонска НОУБ. текло од с. Трсје (Леринско), Егејски дел на Македонија, регистрирано во 1933 г. Се афирмирало со културна дејност. Располага со свој парк во кој има изградено мал манастир што го носи името „Отец Герасим“. Сл. Н.-К. „Отечество“, орган на Сојузот на бугарските конституциални клубови (1909)