ОСИ, ПОТАЈНИЧКИ

ОСИ, ПОТАЈНИЧКИ (Ицхнеумонидае)– ципокрилни инсекти, брзи и добри летачи. Женката има многу чувствителни пипала со кои открива гасеници од други инсекти (на пр., во стебла) и со долгата легалка, со хируршка точност полага јајца во нив; подоцна, изведените ларви се хранат и го уништуваат доПотајничка оса маќинот; се сметаат за корисни инсекти. Во четинарските шуми живее видот Рхѕсса персуасориа Л., кој своите јајца ги полага во ларвата на осата дрвенарка, а Епхиалтес манифестатор Л. полага јајца во ларвите на стрижибубачките. ЛИТ.: Јонце Цинговски, Зњеитер беитраг зур кеннтнис дер Блаттњеспенфауна вон Мазедониен, Ацта, Мус. Мац. Сци. Нат., Скопје, 1958, В (10/51) 163-176; истиот, Растителни оси, Сѕмпхѕта – Тендхрединидае (Инсецта-Хѕменоптера). Фауна на Македонија Ⅵ, Природонаучен музеј на Македонија, Скопје, 1985; Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991. В. Т. К.– М. Кр.