ОСИ, БОЦКАЛКИ

ОСИ, БОЦКАЛКИ (Апоцрита)– ципокрилни инсекти. Женките имаат легалка што служи за полагање јајца или е претворена во осило. Усниот апарат им е приспособен главно за цицање нектар. Означени се како паразитоиди, поради нивните ларви што се хранат со внатрешните органи на домаќинот во кој женката ги положила јајцата. Ларвите се црвовидни и без нозе. Подредот опфаќа поголем број фамилии: оси потајнички (Ицхнеумонидае), оси шишарки (Цѕнипидае), оси златарки (Цхрѕсидидае), мраволики оси (Мутиллидае), сколии (Сцолиидае), оси копачки (Спхаегидае), вистински оси (Веспидае), пчели (Апидае), мравки (Формицидае). ЛИТ.: Јонце Цинговски, Зњеитер беитраг зур кеннтнис дер Блаттњеспенфауна вон Мазедониен, Ацта, Мус. Мац. Сци. Нат., Скопје, 1958, В (10/51) 163-176; Јонче Чинговски, Растителни оси, Сѕмпхѕта – Тендхрединидае (Инсецта-Хѕменоптера). Фауна на Македонија, Ⅵ, Природонаучен музеј на Македонија, Скопје, 1985; Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991. В. Т. К.– М. Кр.