ОРКЕСТАР ОД НАРОДНИ ИНСТРУМЕНТИ НА МРТ

ОРКЕСТАР ОД НАРОДНИ ИНСТРУМЕНТИ НА МРТ –основан во 1950 г. со намера да се зачува автентичното народно свирење и пеење. Уметнички раководители: Пеце Атанасовски (1950–1987), Мефаил Сакипов (1987–2006). Својата активност главно ја насочувал кон потребите на програмите на МРТ. Снимил над 3 000 песни и ора што се дел од богатата фонотека на МРТ. Со него настапувале врвните македонски исполнители (Илиева, Сариевски, Манчевски и др.), а некои од нив (Бадев) долги години биле негови членови. Составот на овој оркестар варирал, но во него постојано биле присутни инструментите: гајди, кавали, тамбури, кемане и тапан. Неколку пати Оркестарот настапил на фестивали во странство (Ланголен, Братислава и др.), од каде што постојано се враќал со награди. М. Кол. ОРКЕСТАР ЧАЛГИИ НА МРТ