ОДН

ОДН (АУДЕН), Хју Вистан (Јорк, 21. Ⅺ 1907 – Виена, 17. Ⅵ 1973), англиски поет; бил во центарот на вниманието со четирите драми напишани заедно со Кристофер ИШЕРВУД, кои го користеле искуството на „епскиот театар“ на Бер-толд Брехт во плакетарското пласирање идеи. Во 1972 г. го добил Златниот венец на СВП. БИБ.: Песни, 1930; Оратори, 1932; Тан-цот на смртта, 1933; Погледај странецу, 1936; Шпанија, 1937. Ги напишал поемите: Новогодишно писмо; Морето и огледалото; Време на тегобност, објавени во периодот меѓу 1941 и 1948 година. ЛИТ.: Б. Ѓузел, Поезијата на Одн, „Песни“, Ск., СВП, 1979. П. Гил.