ОГИН

„ОГИН“ (пл. Козјак, Кумановско, Куманово, Манастир „Св Прохор Пчињски“, Велес и Загреб, 11. Ⅲ 1944 – мај 1945) – весник, орган на Третата македонска НО ударна бригада, на македонски јазик. Го издавал Пропагандниот отсек на Бригадата, а го уредувале Деса (Десанка) Миљовска и Ацо шопов, а подоцна Панче Кондев, Душко Кранго и др. Соработници биле Злате Билјановски, Тоде Варџиски, Дане Цеков, Боро Чушкар и др. Објавени се вкупно 7 броја (бр.2 и 3 не се зачувани). Првите броеви биле умножени ракописно во 5-6 примероци, а потоа на шапирограф и циклостил. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 442–443; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885–1992), Скопје, 1993, 142. С. Мл.