ОВЕС

ОВЕС (Авена сатива Л.) – едногодишна житна култура од фам.Поацеае. Спаѓа во подгрупата вистински жита. Доста стара култура, со квалитетно зрно и слама и со скромни барања кон условите за одгледување. Се употребува за исхрана на сите видови домашни животни, но има посебно значење во исхраната на коњите. Се употребува и за исхрана на луѓето. Голосемениот овес служи и за производство на снегулки за хумана исхрана. П. Ив.