ОБЛЕШЕВО

ОБЛЕШЕВО – село во Кочанско. Се наоѓа во рамниот дел на Кочанската Котлина, од десната страна на Кочанска Река, на надморска височина од 305 м. Низ него поминува магистралниот пат М–5, кој на исток го поврзува со Кочани, а на запад со Штип. Тоа е населено со Македонци (1.131 ж.). Населението се занимава со одгледување индустриски и градинарски култури и ориз. О. е седиште на општина (заедно со с. Чешиново), која зафаќа површина од 13.220 ха, има 14 населени места со 7.490 ж. Во О. постои осумгодишно училиште, здравствена станица, сточен пазар и фабрика за преработка на ориз. Ал. Ст. Поглед кон езерото Гратче од врвот Јастребник на планината Обозна