НИКОЛОВСКИ, Тодор

НИКОЛОВСКИ, Тодор (Велес, 16. И 1902 – Скопје, 28. И 2002) – драмски и филмски актер и режисер, еден од основачите на Македонскиот народен театар, учесник во НОВ, еден од основачите на драмската група „Кочо Рацин“, формирана на слободната територија во Горно Врановци при Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Бил актер во Народното позориште во Скопје (1919–1941) и во Театарот во времето на Втората светска војна (1941–1944). Во Драмата на МНТ оставил многу улоги, некои од антологиско значење. Улоги: Тартиф и Чорбаџи Теодос (во истоимените дела), Манас („Бегалка“), Жика („Сомнително лице“), Поткаљосин („Женидба“), Јусуф („Доходно место“), Актер („На дното“), Велко („Вејка на ветрот“), Гуштанов („Гоце“), Митре („Парите се отепувачка“) и др. Режии: „Народен пратеник“, „Чорбаџи Теодос“ (заедно со Петре Прличко), „Женачка и мажачка“, „Парите се отепувачка“, „Гоце“ (заедно со Димитар ќостаров). Настапувал во филмовите: „Мис Стон“, „Мирно лето“, „Мементо“, „Нели ти реков“. Р. Ст. Вања Николовски -Ѓумар НИКОЛОВСКИ-ЃУМАР, Вања