НИКОЛОВА, Оливера

НИКОЛОВА, Оливера (Скопје, 11. Ⅲ 1936) – раскажувачка, романсиерка, драмска авторка, пи-Оливера Николова сателка за деца и младина. Завршила Филозофски факултет во Скопје. Работниот век го минала како уредник и драматург во Македонската радио-телевизија. Познат автор за деца како негов летописец на урбаното и безгрижно секојдневје. Во литературата за возрасни е една од најзначајните претставнички на т.н. женско пис-мо. Историската тематика во романите се прекршува низ личен творечки предизвик, а „Куклите на Росица“, 2004, е вреднуван како настан во македонската литература. ДЕЛ: романи: Тесна врата, Ск., 1983; Домашни задачи, Ск., 1989; Тромбот, Ск., 1996; Адамово ребро, Ск., 1999; Вежби за Ибн Пајко, Ск., 2000; книги за деца и млади: Зоки Поки, Ск., 1963; Мојот звук, Ск., 1977; Љубоболки, Ск., 1988; Бели стапки, Ск., 1993. В. Тоц. НИКОЛОВИЧ, Хаџи Алекса