НИКЕЈСКО ЦАРСТВО

НИКЕЈСКО ЦАРСТВО (1204– 1261) – создадено во Мала Азија по паѓањето на Цариград под власта на крстоносците (1204). Го основал Теодор И Ласкарис (1204– 1222). Седиштето на Цариградската патријаршија било пренесено во Никеја. Новата држава ги задржала византиските институции и станала легитимен наследник на Византиското Царство. Најголем подем бил постигнат во времето на владеењето на Јован Ⅲ Ватац (1222–1254). Тој ги проширил границите на државата, го ликвидирал Солунското Кралство (1246), ги освоил Македонија и делови од Албанија (1252). Никејскиот владетел Михаил Ⅷ Палеолог го обновил Византиското Царство (1261).