НИКЕЈА, ДОЛЕНЦИ, БИТОЛСКО

НИКЕЈА, ДОЛЕНЦИ, БИТОЛСКО – доцноантички кастрон, јужно од Доленци, на егнатискиот пат, 18 км западно од Хераклеја Линкестидска (Таб. Пеут. Ⅳ, 1: Нициа). Фортификациската рамка на тврдината (Цастра, Паремболе), со димензии 125 х 122 м, со 10 потковичести и 4 кружни кули, била оформена во раниот Ⅳ в.н.е. Во периметарот е откопан дел од голема базилика со мозаични подови. Неполн километар источно, на локалитетот Суви Ливади, е откопана втора базилика (Ⅵ в.), а 1,5 км источно од кастронот (на локалитетот Раменска Тумба) и трета базилика, обете со мозаичен под и со повеќе примери на камени архитектонски елементи од прозорците и од олтарните прегради. Првобитно планиран и оформен како објект од воен карактер (за контрола на егнатискиот пат), во доцната антика кастронот Никеја прераснал во цивилен град во рамките на истото обѕидие. ЛИТ.: И. Микулчиќ, Антички градови во Македонија, Скопје, 1999, 330–331; В. Лилчиќ, Македонскиот камен за боговите, христијаните и за живот по животот, Ⅱ, Скопје, 2002, 758–765, 770–773. В. Л.