НЕКТАРИЈ И

НЕКТАРИЈ И (ⅩⅤⅠ–ⅩⅤⅠⅠ в.) – охридски архиепископ (1589). Поранешен велешки епископ, кој дошол на престолот на Охридската архиепископија, најверојатно, по несреќната смрт на архиепископот Варлаам. Во текот на 1598 г. пристигнал во Молдавија по милостина. По две години заминал за Полска. Ја посетил Русија (1604). Пристигнал и во Антверпен. Бил избран за волгоградски архиепископ (25. Ⅵ 1613) и повеќе не се вратил во Охрид. По бројни непријатности, бил прогнат. По интервенција на рускиот патријарх Филарет Никетич му било вратено достоинството на волгоградската катедра (1621). Го составил најстариот македонски зографски прирачник. Починал на 3. Ⅵ 1626 г. ЛИТ.: И. Снегаров, Истори® на Охридската архиепископи®-патриарши®, Софи®, 1995; Ј. Белчовски, Хронолошки список на поглаварите на Охридската архиепископија /патријаршија/, „Годишен зборник на Богословскиот факултет Св. Климент Охридски“ кн. 8, Скопје, 2002. Ал. Тр.