НЕДРВНИ МАТЕРИЈАЛИ ВО ДРВНАТА ИНДУСТРИЈА

НЕДРВНИ МАТЕРИЈАЛИ ВО ДРВНАТА ИНДУСТРИЈА – материјали со широка примена во современите производи од примарниот и финалниот комплекс на дрвната индустрија. Се применуваат во технологиите за производство на разни видови дрвени плочи, во градежната столарија, во производството на мебел и кај производите за ентериери. Примената на недрвните материјали посебно е нагласена кај тапетарските производи. Во групата на недрвните материјали влегуваат голем број суровини и полупроизводи, од кои позначајни се: природните смоли, вештачките смоли и пластичните маси, стаклото, средствата за глодање, текстилните влакна, кожата, растворувачите и разредувачите, боите и пигментите, средствата за непосредно обојување и белење на дрвото, премачкувачите, лепилата и средствата за заштита на дрвото од биолошки деструктори и оган и др. Б. Ил. Неофицијалниот орган на ВМРО во Софија „Независна Македонија“ (1932-1934) „НЕЗАВИСИМА МАКЕДОНИ®“ (Софија, 1. Ⅶ 1932 – 17. Ⅲ 1934) – дневен весник на бугарски јазик. Главен уредник бил Владимир Толев. По првите два броја бил преименуван во „БÍлгари®“, а од бр. 96 пак го добил првичното именување. Во поднасловот првин се декларирал како „дневен весник на македонските Бугари“, потоа како „независен македонски дневен весник“ и „независен македонски весник“. Објавени се вкупно 105 броја. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 296–297; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885–1992), Скопје, 1993, 86–87. С. Мл.