НАЈДОВСКИ, Тихо

НАЈДОВСКИ, Тихо (Велес, 9. Ⅳ 1933 – Велес, 25. Ⅳ 2007) – поет, раскажувач и романсиер за деца и млади, поет, општественик. Воената и социјалната тематика, фантастичното и бајковидното, животот на детето во урбаната средина се теми во литературата за деца. ДЕЛ: стихозбирки: Цибрина, Ск., 1996; Увил, Ск., 1997; Здравица, Ск., 1998; Потпора збор, Ск., 1998; Меѓа, Ск., 1998; Мерка за немирот, Ск., 1999; Превалец, Ск., 2000; Студена зона, Ск., 2001; Образот на денот, Ск., 2002; романи за деца и младина: Дремливо патување, Ск., 1992; Олеандровиот цвет, Ск., 1995; раскази: Трепетлика, Ск., 1969; Солзи, Ск., 1970; Задоцнета пролет, Ск., 1986; Цвет и дете, Ск., 1989. В. Тоц. Димко Најдов-Џандарот НАЈДОВ-ЏАНДАРОТ, Димко