НАЦИОНАЛЕН КОМИТЕТ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ЈУГОСЛАВИЈА

НАЦИОНАЛЕН КОМИТЕТ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ЈУГОСЛАВИЈА (29 Ⅺ 1943 – 7 Ⅲ 1945) – највисок извршен орган на власта во текот на НОВ на Југославија. Бил формиран на Второто заседание на АВНОЈ во Јајце за да ги извршува одлуките на АВНОЈ до формирањето на Владата на Ј. Б. Тито (7. Ⅲ 1945), со сите прерогативи и овластувања на Привремена влада на ДФ Југославија. Освен претседателот (Јосип Броз Тито) и тројцата потпретседатели, имал повереници што ги раководеле одделните поверенства што извршувале задачи на извршни ресорни органи на власта. И во НКОЈ не биле именувани претставници од Македонија. Ко-Националниот комитет за ослободување на Југославија: претседателот на Комитетот Ј. Б. Тито со членови на Комитетот и претседателот на АВНОЈ (Вис, 16. Ⅵ 1944) митетот бил особено активен во разговорите со Кралската влада за формирање заедничка влада и за нејзиното меѓународно признавање. По Второто заседание на АВНОЈ, НКОЈ престојувал во Дрвар, а потоа на островот Вис во Јадранското Море. Од крајот на октомври 1944 г. неговото седиште било во Белград. ЛИТ.: Д-р Новица Велјановски, АВНОЈ и Македонија, ГШ на НОВ И ПОМ – по повод 90 години од раѓањето на Михаило Апостолски, 1997; Македонија 19451991. Ддржавност и независност, Скопје 2002; Д-р Михаило Миноски, Авнојска Југославија и македонското национално прашање 1943-1946, Скопје; Д-р Новица Велјановски, Слободан Нешовиђ, Стварање нове Југославије 1941-1945, Београд, 1981. Н. В.