НАТАНАИЛ КУЧЕВИШКИ

НАТАНАИЛ КУЧЕВИШКИ (Зографски, Охридски, Пловдивски; световното име: Нешо Стојанов Бојкиќев) (с. Кучевиште, Скопско, 26. Х 1820 – Пловдив, 18. Ⅸ 1906) – еден од најшколуваните црковно-литературни и револуционерно-национални дејци во ⅩⅠⅩ в., егзархиски митрополит и Нешо Стојанов Бојкиќев, епархиски митрополит Натанаил ното село, а потоа во Скопје, Самоков и Прилеп. Во 1837 г. се замонашува во Зографскиот манастир (Атон) и учи во Духовната семинарија во Кишинев (1838–1844) и во Одеса (1845–1847). Духовната академија ја завршува како кандидат на богословските науки во Киев (1847–1851) со монографски труд за Охридската архиепископија. Патува по Русија, Полска, Чехија, Унгарија, Австрија, Србија, Романија и Турција (1852–1853) и се запознава со истакнати дејци, а со К. Д. Петкович иницираат и создавање на посебно литературно друштво. Кратко време е учител во Зографскиот манастир (1853). Во времето на Кримската војна (1853–1856) подготвува востание во Турција, а потоа станува егзарх на молдавскиот Добровецки манастир (1857–1869). Настојува за обновување на Охридската архиепископија, а по образувањето на Бугарската егзархија е избран за владика и назначен за прв охридски митрополит (24. Ⅸ 1872). Наоѓајќи се во Цариград, ја поддржува сепаратистичката македонска струја во унијатското раздвижување во Македонија (1873). Во Охрид останува до Руско-турската војна (1874–1877), каде што доаѓа во судир со учителот Гр. Прличев. По Берлинскиот договор застанува на чело на Кресненското македонско востание (1879). Поставен е за митрополит на Ловечката епархија во Бугарија (1879–1883), а потоа до смртта е митрополит во Пловдив (1891–1906). Почесен член на Бугарското книжовно дружество (1884). Автор е на повеќе црковно-морални, учебни и културноисториски публикации. БИБ.: шЗаедно со неговиот учител Ѓ. М. Самуркашќ Служение евреŸско и все злотворение нихно со показание от свеÈено и божествено писание ветхо и новое… При типографии солунској при хаджи папа Теодосиј архимандрита Синаитскаго, 1839; Детински подарок, Прага, 1852; Буквар славено-бÍлгарски заради училиÈе на Скопско Черногорско село Кучевиста, БукуреÈ, 1865; За Œстинянови права на Охридска архиепископия или за цÍрковна независимост и самостоятелност на Охридско-БÍлгарско свяÈеноначалие, Цариград, 1873. ИЗВ.: Жизнеописание митрополита Охридско-Преспанскаго Натанаила, СБНУ, 25, София, 1909. ЛИТ.: Кирил Пловдивски, Натанаил, митрополит Охридски и Пловдивски, София, 1952. Бл. Р.