НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД ДРИМКОЛ

НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД „ДРИМКОЛ“ .(месност Свети Спас во атарот на с. Вевчани, втората половина на август 1943 – с. Дворци, Кичевско, октомври 1944) – партизанска единица на НОВ и ПОМ. Бил формиран од 20 борци, претежно од албанска националност. Се спомнува и како баталјон „Дримкол“ (октомври). Неговата главна задача била да дејствува меѓу Албанците за разобличување на големоалбанската пропаганда, за формирање НОО и мобилизација на нови борци. Борбените дејства биле насочени главно кон напади на комуникацијата Струга-Дебар. Еден дел од борците влегле во составот на Првата македонско-косовска НОУБ и подоцна во Првата македонска НОУБ. ИЗВ.: Зборник НОР, т. Ⅶ, кн. 2, док, 1, 7–10. ЛИТ.: Илија Каланоски, Ослободителната војна и револуцијата во Струга и Струшко 1941–1945, Скопје, 1983; Тодор Трајановски, Партизанскиот одред „Дримкол“. (Прилог кон проучувањето на народноослободителното движење во Струшкиот регион), „Прилози“, бр. 30–31, Битола, 1979, 327–328; Владо шутиновски, Партизански одред „Дримкол“, ОхридскоСтрушко во НОВ 1941–1945, кн. втора, НОВ и воени единици, Струга, 1990, 217–223. С. Мл.