НАРОДНИ СУДОВИ

НАРОДНИ СУДОВИ – органи на судската власт во НР Македонија. Зародок на овие органи се судските инстанции предвидени во Правилникот за правосудните органи донесен на Рилскиот конгрес на ВМРО (1905). На 20. Ⅹ 1944 г. Президиумот на АСНОМ донесе Решение за формирање народни судови. На 31. Ⅲ 1945 г. е донесена Повелба за устројство на редовни народни судови на Федерална Македонија, според која се формираа 25 околиски, три обласни судови и Врховен федерален суд. Системот на народните судови постоеше до донесувањето на Уставот на СРМ од 1963 г. ЛИТ.: Стефан Георгиевски, Панта Марина и Никола Матовски, Правосуден систем во СФРЈ, Скопје, 1983. Гор. Л.-Б. Настап на ансамблот „Танец“ со македонски народни ора НАРОДНИ УНИВЕРЗИТЕТИ