НАРОДНА НОСИЈА

НАРОДНА НОСИЈА – значајна компонента за проучувањето на етничкото и културното минато на народот или на некоја етничка група и е еден од најмоќните показатели за нивното естетско и уметничко ниво. Во себе ја содржи функцијата на обележје на социјалниот и културниот статус на личноста во етнички и регионални рамки. Целокупниот процес на изработката и украсувањето на носиите во Македонија се одвивал во домашни услови, главно од страна на женското население. Ј. Р.-П.