НАРОДЕН ГЛАС

НАРОДЕН ГЛАС“ (Штип и с. Долјани, Штипско, 1. Ⅴ- јули 1943) – илегален весник на Штипската организација на КПМ, на македонски јазик. Излегувал на 15 и 20 дена. Биле објавени вкупно 5 броја, умножени на циклостил на техниката на Месниот комитет сместена во куќата на Фируз Назим, а зачуван е само бр. 1. Меѓу другото, весникот ја коментира депортацијата на Евреите и објавува написи за смртта на народните херои Мирче Ацев, Цветан Димов, Страшо Пинџур и Киро Нацев-Фетак. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 415; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885–1992), Скопје, 1993, 122. С. Мл.