НАРОДЕН ГЛАС

НАРОДЕН ГЛАС“ (Прилеп, декември 1941 – летото 1943) – илегален весник на НОФ за Прилепско, на македонски јазик. Најдолго го уредувал Благоја Тале-ски-Иван (август 1942 – март 1943). Бил умножуван во тираж од 120–300 примероци, а растуран во Прилеп и Прилепско, во Кичево, Крушево, Македонски Брод и во партизанските одреди. По својата содржина претставува богат информатор за политичката и воената состојба во светот и во Македонија: воените фронтови во светот, воената состојба на територијата на бившата Југославија, за грчкото Народноослободително движење, за состојбите во Македонија и посебно во Прилеп и Прилепско. ЛИТ.: „Народен глас“ (1941–1943), ИНИ, Скопје, 1990; Д-р Боро Мокров, Збор, печат, време. Зборник трудови од историјата на македонскиот печат, Скопје, 1987, 283–289; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885–1992), Скопје, 1993, 121. С. Мл. Првиот број на илегалниот весникНароден глас“, (Штип, 1943)