НАНЕВСКИ, Душко

НАНЕВСКИ, Душко (Кратово, 1929 – Скопје, 1994) – поет, литературен критичар и есеист, уредник во издавачката куќа „Македонска книга“, научен работник во Институтот за македонска литература, член на ДПМ од 1954 г. Во своите книги критики и есеи преокупиран е со митовите и симболите, со тајните на поетскиот говор и неговиот модерен израз. Се јавува и како составувач на антологиите „Љубовни народни песни“ (1971) и „Црниот славеј“ (антологија на современата македонска поезија, 1977). ДЕЛ: Македонска поетска школа (есеи и критики, 1977), Раѓање на метафората (поетски истражувања, 1982), Самовилското коњче (македонски бајки, авторизирана верзија, 1978), Знаци од азбуката (елиптики, поезија, 1982), Пое-тот Рацин (монографија, 1983), Критички илуминации (есеи и критики, 1984), Охридска поема (поезија, 1985), Поетика на јазикот – етиди (1988), Интегрална поетика (1993). ЛИТ.: Миодраг Друговац, Историја на македонската книжевност ⅩⅩ век (1990). В. М.-Ч. Ѓоре Напески