МУШИЧКИ, ВИНСКИ

МУШИЧКИ, ВИНСКИ (Дросопхилидае) – ситни двокрилни инсекти. Се појавуваат често каде што има мирис на течност што врие (ферментира). Ги има и по домовите околу вино, оцет или на презреани плодови. Ларвите живеат секаде каде што има гниење на овошје (винска и пивска ферментација). Од родот Дросопхила видот вин-Мала винска мушичка ска мушичка (Дросопхила меланогастер Меиген, 1830) најчесто се користи во научни цели, за проучување на наследувањето; лабороториски лесно се одгледува и брзо се размножува. Други познати претставници се малата винска мушичка (Дросопхила фунебрис Фабрициус, 1787) и големата винска мушичка (Дросопхила фенестрарум Л.). ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991. В. Т. К. – М. Кр.