МОЈСЕЈ (? – 976) – комитопул, вториот син на комитот Никола. По бунтот против бугарската и по отфрлањето на византиската власт (969–976), владеел заедно со своите тројца браќа во југозападна Македонија. Тетрархијата би-ла прекината во 976 г. (со смртта на најстариот Давид), кога Мојсеј, по веста за смртта на царот Јован Цимиски, организирал напад на Сер и при опсадата бил смртно погоден од камен фрлен од бранителите на градот. ЛИТ.: С. Пириватрич, Самуиловата дÍржава, обхват и характер, София 2000; С. Антољак, Самуиловата држава, Средновековна Македонија, И, Скопје, 1986. Б. Петр. Лазар Мојсов