МОРАВСКА МИСИЈА

МОРАВСКА МИСИЈА . византиска мисија условена од сложени дипломатски, политички и црковни интереси. Великоморавскиот кнез Растислав сакал да се ослободи од влијанието на германсколатинското свештенство и од агресивните аспирации на младата германска држава, па побарал учител и епископ од Византија. Византискиот император Михаил Ⅲ во моравската покана гледал шанса да го наметне византиското културно влијание на една средноевропска држава, која во средината на Ⅸ в. почнала да ја шири својата власт и над други словенски земји. Со тоа се надевал дека ќе го намали влијанието на германската држава, која почнала да $ соперничи на Византија во Италија и на Балканот. Паралелно со политичките интенции на Византија за обновување на старата Римска Империја, цариградскиот патријарх Фотиј сакал да го прошири своето влијание во Средна Европа и да го намали влијанието на римскиот папа, којшто во тоа време воспоставил дипломатски односи со една балканска држава (Бугарија), сосед на Византија и таму испратил свое свештенство. Пратеништвото било подготвено со слов. писмо и преводи од најопитниот и потврден мисионер Константин Философ во придружба на брат му Методија, докажан како одличен организатор и со добро познавање на словенскиот јазик. М. м. во Моравија била со променлива среќа во зависност од политичките состојби. По смртта на Константин-Кирил во Рим (869), Методиј останал сам да ја раководи мисијата (в. Методиј). По неговата смрт во 885 настанале уште потешки денови, учениците му биле прогнати, а на местото на неговиот заменик, архиеп. Горазд, од папата бил назначен за моравски архиепископ Вихинг, огорчен противник на словенската писменост и богослужба. И покрај сите пречки и прогонства М. м. е грандиозно заедничко дело на св. Кирил и Методиј. Во работата тие се дополнувале. Помладиот бил силен во теоријата, а постариот во практичниот живот. Нивната просветителска работа била сеопфатна. Таа претставува мост што го поврзува Ис-Димитар Кондовски: „Св. Кирил и Методиј“ (1976) токот со Западот, а нивните уче-степоликото подрачје (помеѓу вата Злетовска епархија. Мородници го расеале семето што го по-Велес, Штип и Неготино). Вл. М. виската епархија низ историјата сеаја во Моравија. Раководители-ги носела имињата Брегалничка, те на М. м., браќата Константин-Кирил и Методиј во 1985 од Ватикан беа прогласени за патрони на Европа. ЛИТ.: Фр. Дворник, Бѕзантине Миссионс амонг тхе Славс, Нењ Брунсњицк, Нењ Јерсеѕ, 1970; П. Хр. Илиевски, Просветителската мисија на св. Методиј, Кир.-методиевскиот (ст. слов.) период и кирило-методиевската традиција во Македонија, МАНУ, 1988, 249-258; Бл. Ристовски, Сознајби, МАНУ, 2001, 87-96. П. Хр. Ил.