МОНЕТОКОВЕЊЕТО НА ГРАДОВИТЕ ВО АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА. Во доцноархајскиот, во класичниот и во хеленистичкиот период повеќе македонски градови ковеле пари во свое име. Кон крајот на Ⅵ и почетокот на V в. пр.н.е., неколку од градовите на полуостровот Халкидики, повеќето од нив основани порано од грчки колонисти, почнале монетарни активности. Сребрени пари биле ковени од градовите Акант, Ајне-Монета на Акант (аверс/реверс) ја, Менде, Потидеја, Скионе, Тероне. Исто така, свои пари ковале и други градови, како Ајга, Ејон и Неапол. Некои од градовите продолжиле да коват пари и во класичниот и во хеленистичкиот период, а во овој период (од Ⅴ до Ⅱ в. пр.н.е.) ковењето монети почнало и во други места – Амфипол, Дикаја, Ортагореја, Филипи, Потидеја, Пидна, Пела, Тесалоника и Олинт. Користејќи разни тежински системи, парите на градовите биле ковени во различни вредности, како статери, тетрадрахми, драхми, тет-Монета на Тесалоника (аверс/реверс) ви од религиозна природа, церемонии и верувања на луѓето. Од монетарниците што работеле во тој период од посебно значење за нас се оние во Дамастион и во Лихнид. Во империјалниот период пари во свое име ковеле македонските градови Амфипол, Бероја, Едеса, Тесалоника, колониите Касандреја, Дион, Пела, Филипи и муниципиу-Монета на Пела (аверс/реверс) мот Стоби. Поголемиот дел од нив, понекогаш со мали прекини, биле активни од И до Ⅲ в. н.е. Производството на бронзени монети во овие градски монетарници било наменето, пред сè, за задоволување на потребите на локалните стоковно-парични односи. ЛИТ.: Х. Гаеблер, Дие Антикен Мунзен Норд-Гриецхенланд, Македониа унд Паиониа, Ⅲ/2, Берлин, 1935; П. Јосифовски – Н. шелдаров, Римски монети – Македонија под римска власт, Нумизматичка збирка на Народна банка на Република Македонија, Скопје, 1999, 20–22; И. Тоуратсоглоу, Дие Мунзстатте вон Тхессалоники ин дер Ромисцхен Каисерзеит, Берлин/Нењ Ѕорк, 1988. П. Ј.