МОНЕТАРНИЦАТА ВО ЛИХНИД

МОНЕТАРНИЦАТА ВО ЛИХНИД. Со реформите во фискалната сфера, направени од кралот Филип В, по 188/7 г. пр.н.е. било дозволено повеќе градови и области да коват свои монети, но под контрола на кралот. Такво право добил и градот Лихнид (Лѕцхнидос). Овие бронзени монети со името на градот (ΛΥΧΝΙ− ΔΙΩΝ) биле ковани во периодот помеѓу 187 и 171 г. пр.н.е. На авер-сот на монетите е претставен македонски штит, а на реверсот е претставата на преден дел од кораб (понекогаш пред коработ плива делфин). Лихнидските пари, преку избраната претстава на реверсот (кораб), верно ја отсликуваат местоположбата на градот Лихнид (денешен Охрид). ЛИТ.: В. Битракова-Грозданова, Монетоковањето во Лѕцхнидос и Охрид, Монетите и монетоковниците во Македонија, Скопје 2001, 45–49. П. Ј.