МОМЧИЛ ВОЈВОДА (почетокот на ⅩⅣ в. – крепоста Перитеорион, 7. Ⅶ 1345) – феудален витез и деспот, во епските песни вујко на Марко Крале. Бил независен владетел во Родопите, од каде што ја проширил својата територија на исток и на југ до Егејското Море. Соработувал и се судирал со соседните владетели и меѓу првите се нашол на удар на османлиските навлегувања. Загинал во борба со Османлиите предводени од смирненскиот паша Умур. Во народните песни за него, кралот Волкашин и кралот Марко се испреплетени мотиви што се далеку од историската вистина. ЛИТ.: В. ГÓзелев, Момчил Óнак, Софи®, 1967; Јуначки народни песни. Избор и редакција д-р Кирил Пенушлиски, Скопје, 1968, 23-27 и 205-206; М. Ц. Бартусис, Цхрелја анд Момчило: Оццасионал Сервантс оф Бѕзантиум ин Фоуртеентх Центурѕ Мацедониа, „Бѕзантинославица“, 41, 1980; Александар Матковски, Отпорот во Македонија во времето на турското владеење, Ⅱ. Духовниот отпор, Скопје, 1983, 61, 70, 71, 84, 91–93, 103, 110 и 114. С. Мл.