МОДЕРНИЗАМ ВО АРХИТЕКТУРАТА

МОДЕРНИЗАМ ВО АРХИТЕКТУРАТА – еден од највлијателните стилски обрасци во архитектурата во Македонија во периодот меѓу двете светски војни (19191940), создаден под влијание на европскиот модернизам. Негови претставници биле од првите генерации школувани архитекти. Базиран е на определбите на функционализмот и конструктивизмот, кои вклучуваат и елементи од затворените европски стилски формации. Оваа стилска определба ќе станува доминантен стилски императив во изградбата на индивидуални, јавни и административни објекти. Во одредени базични претпоставки, програмските барања на модерната архитектура се приближуваат до етаблираните вредности содржани во богатиот традиционален репертоар на елементи од народната архитектура. К. Гр.