МИЈАТОВИЌ, Мијат

МИЈАТОВИЌ, Мијат (Вучковица, Чачак, Србија, 15. Ⅲ 1950 Скопје, 25. ⅩⅠⅠ 2000) – физичар, ред. проф. (1992) на ПМФ. Дипломирал (1973) и магистрирал на ПМФ во Белград. Докторирал (1980) на ПМФ со темата „Спин-Паерлсовиот премин кај еднодимензионалните магнетици“. Специјализирал во Копенхаген. Држел настава по Статистичка физика со термодинамика и Астрономија со астрофизика. Тој е коавтор на околу 80 статии објавени, главно во странство, со тематика од статистичката физика, квантните состојби и процесите во периодичните структури, непотенцијалните интеракции, концентраторите и др. Тој е коавтор на книгите: „Тхе сериес-итератион метход ин тхе тхеорѕ оф ординарѕ линеар дифферентиал ељуатионс“ (со Д. Димитровски), Хадрониц Пресс, Флорида, 1998 и „Геометрицал тхеорѕ оф идеал нонимагинг цонцентраторс“ (со Д. Димитровски и В. Веселиновиќ), Скопје, 1994. Во Скопје организирал меѓународна конференција за хадрон-ска механика (1988). Тој е основач и прв претседател на Македонското астрономско друштво. Во два мандата бил шеф на Институтот за физика (1987–89 и 1997–99). ЛИТ.: Природно-математички факултетСкопје 1946–1996, Скопје, 1996, стр. 164; 60 години Природно-математички факултетСкопје, Скопје, 2006, стр. 173. В. Ур.