МИЦКОВИЌ, Миодраг

МИЦКОВИЌ, Миодраг (Прилеп, 10. Ⅹ 1938) – новинар. школувањето го завршил во Институтот за новинарство во Белград (1974). Бил вработен во в. „Нова Македонија“ (1962–2003), како уредник на спортската рубрика (1973–2000), а потоа бил коментатор и главен уредник во дневниот спортски весникСкок“ (2000–2003). Известувал од три Летни олимписки игри (1972, 1976 и 1980), од Зимската (1984) и шаховската олимпијада во Скопје (1972), од светските фудбалски првенства (1974, 1982 и 1990) и од европски и повеќе други првенства во разни спортови. Тој е познат и како фудбалски работник. Д. С.