МИЦЕВСКИ, Бранко

МИЦЕВСКИ, Бранко (с. Св. Тодори, Битолско, 19. Ⅹ 1958) – основно и средно образование завршил во Битола. Во учебната 1977/78 г. се запишал на ПМФ во Скопје, Група биологија, на кој Бранко Мицевски дипломирал (1981). Во 1982 г. е примен како приправник на Зоолошкиот завод при ПМФ во Скопје. Магистерскиот труд го одбранил во 1985 г. За помлад асистент е избран во 1987 г. Докторирал во 1990 г. Во звањето доцент е избран во 1991 г. Во 1996 г. е избран за вонреден и во 2001 за редовен професор. Објавил 43 научни трудови од областа на урбаната орнитологијата и синекологијата, орнитологијата, екологијата, фаунистиката и биогеографијата, енергетиката на птиците, валоризацијата и заштитата на природните и урбаните екосистеми. Д. Пр. Кирил Мицевски