МИХАИЛ Ⅷ Палеолог

МИХАИЛ Ⅷ Палеолог (1224– 1282) – никејски и византиски император (1259–1282), војсководец, основач на династијата на Палеолозите. Го ликвидирал Латинското Царство и ја обновил Византија (1261). Ја склучил и ја потпишал Лионската унија (1274) за обединување на црквата под врховна власт на папата. Унијата не била прифатена во Византија. Ги поразил Епирците во клисурите западно од Воден (1257), на повик на Акрополит се пробил до Прилеп, но набргу морал да се повлече кон Воден за да го спречи продорот на Епирците кон Солун. ЛИТ.: Д. Ј. Геанакоплос, Емперор Мицхаел Палаеологус анд тхе Њест 1258–1282, Цамбридге, Массацхусеттс, 1959. К. Аџ.