МИРЧЕВ, Димитар (Прилеп, 23. Ⅹ 1865 – Вршец, Русенско, Бугарија, 13. Ⅵ 1938) – учител, револуционер. Завршил словенска филологија на Софискиот универзитет. Учителствувал во Солун, Битола, Трново, Одрин и на др. места. Бил член на ЦК на ТМОРО (1901) и секретар на Солунскиот конгрес (1903). Бил уапсен и осуден на 101 година и спроведен на заточение на о. Митилена. Амнестиран во 1904 г. Животот го завршил во Бугарија. ИЗВ. и ЛИТ.: Г. Делчев, Спомени. Документи. Материали, Софи®, 1978; В. Божинов, БÍлгарската просвета в Македони® и Одринска Траки® 1878–1913, Софи®, 1982. Ал. Тр. Димитар Мирчев