МИНОВСКИ, Ристо

МИНОВСКИ, Ристо (Езерец, 22. Ⅷ 1941) – ел. инж., д-р на технички науки, ред. проф. Раководител на Лабораторијата за ВН и Институтот за преносни електроенергетски системи, продекан, два мандата декан на ЕТФ во Скопје. Претседател на МАКО СИГРЕ. За делото „Бранови процеси во разводни постројки“ ја добил наградата „11 Октомври“ за наука (1982). Тој е заслужен за развојот на Лабораторијата за ВН. Книги: „Атмосферски пренапони“ (универзитетски учебник), „Збирка задачи од ТВН“ (учебно помагало, со Љ. Николоски), „Лабораториски работи во ТВН“ (скрипта, со Љ. Николоски), „Методи за испитување на изолацијата“ (со В. Јанков), „Ревитализација на мерни трансформатори со масло-хартиена изолација“ (со В. Јанков). ЛИТ.: „Билтен на Универзитетот ,Св. Кирил и Методиј’– Скопје“, бр. 545, октомври 1990. Др. Р.