МИЛОШЕВСКИ, Лазо (Тетово, 5. Ⅲ 1926 – Скопје, 1963) – атлетичар. Бил член на АК „Работ-Лазо Милошевски нички“ во Скопје. Завршил Сојузен курс за атлетски инструктори во Белград. Бил првак на Македонија во атлетика на куси патеки. Прв атлетичар од Македонија, член на Репрезентацијата на Југославија на 400 и 4 Х 400 м, за која настапил шестпати. На Балканските игри во Букурешт (Романија, 1947) освоил златен медал на 4 Х 400 м со балкански рекорд и четврто место на 200 м. На двомечот Италија: Југославија во Милано (1948) освоил прво место на 4 Х 400 м со нов југословенски рекорд. На Првенството на Југославија во Загреб (1950), освоил златен медал на 400 м, со нов македонски рекорд. Д. С. Тихомир Милошевски